Зголемете го бројот на лајкови на Инстаграм со неколку мали трикови

Точка

22/01/2020

16:04

2.555

Големина на фонт

а а а

Ако користите Инстарам, не е лошо да знаете некои ситни трикови кои ќе ви помогнат да добиете уште повеќе лајкови на фотографиите кои ги објавувате.

Истражувачите од Универзитетот Роуан во Њу Џерси откриле дека филтрите во објавените селфи фотографии можат да ги намалат бројот на лајкови. 

"Бројот на лајкови бил многу помал за селфи фотографиите со филтри како стикери или прекумерна употреба на филтри во боја, во споредба со селфијата без таквите филтри", објаснува Сејон Хонг, лидерка на истражувањето.

Од друга страна, објавувањето на фотографии на кои сте на работа или се занимавате со некое хоби може да ви помогнат да добиете поголем број на лајкови.

"Исто така, селфи фотографиите кои пружаат дополните информации за поединците во облик на социјални знаци, како што се професионалниот идентитет или социјалниот статус, може да се сфатат како силна намера за интеракција со другите корисници", додала таа.

Во истражувањето биле анализирани 1.873 фотографии. Се обраќало внимание на бројот на лајкови, дали биле користени филтри и што има на фотографиите, пренесува "Mirror".




Спонзорирани линкови

Маркетинг