Принцот Хари ги осуди таблоидите: "Мојата сопруга станува жртва на моќни сили"

Точка

22/01/2020

15:45

2.431

Големина на фонт

а а а

Меган Маркл и принцот Хари веќе започнуваат судска парница против папараците, пишуваат медиумите. Овие вести доаѓаат откако се појавиле фотографии од Меган како шета со синот Арчи и две кучиња во еден парк во Канада.

Адвокатите на војводата и војвотката од Сасекс на британските медиуми им пратиле писмо во кое се тврди дека фотографиите од војвотката се направени без нејзина согласност и известување дека ќе бидат користени. 

Правниот тим исто така рекол дека папараците кампувале пред канадската куќа на парот, користејќи камери со голем фокус за снимање на фотографии.

Принцот во последните неколку години неколку пати го осудил постапувањето на медиумите кон неговата сопруга. Во октомври објавил дека Меган тужи една медиумска куќа и истапил против таблоидите, обвинувајќи ги дека лажат.

"Мојот најдлабок страв е историјата која се повторува. Видов што се случува кога некој што го сакам станува тема на медиумите до таа мерка што повеќе не се третира или доживува како реална личност", рекол принцот, мислејќи на својата покојна мајка.

"Ја изгубив мајка ми и сега гледам како мојата сопруга станува жртва на истите моќни сили. И се заблагодарувам на јавноста за постојаната поддршка. Тоа е многу ценето. Иако не изгледа така, навистина ни е потребна вашата поддршка", рекол принцот, пренесува "Huffington Post".

Потсетуваме, Хари во понеделникот дошол во Канада за да им се приклучи на сопругата и синот во "новиот почеток".

Според соопштението кое во текот на викендот го објавиле кралицата и Бакингемската палата, војводата и војвотката од Сасекс веќе нема да примаат јавни средства од пролет 2020-та година и ќе се откажат од користењето на титулата. Исто така, повеќе нема да имаат никаква кралска должност.

Тие ќе им вратат и 3.06 милиони долари на даночните обврзници за обновата на нивниот дом во дворецот Виндзор. И покрај сите промени, кралицата рекла дека "Хари, Меган и Арчи секогаш ќе бидат сакани членови на нејзиното семејство".




Спонзорирани линкови

Маркетинг