Apple новиот модел на iPhone ќе го претстави веќе во март

Точка

22/01/2020

15:36

2.481

Големина на фонт

а а а

Според гласините кои кружат на интернет, телефонот ќе биде базиран на најновиот хардвер, но и на застарениот дизајн на iPhone 8. Би требало да се продава по цена од 399 долари.

Љубителите на Apple нема да треба да чекаат до септември за да го видат новиот модел на iPhone - според последните информации, американската компанија новиот телефон треба да го претстави веќе во март. Почетокот на производството е закажан веќе за идниот месец, а набрзо по претставувањето може да се очекува и негова продажба.

Тоа нема да биде наследник на iPhone 11, туку ќе биде наменет за корисниците кои сакаат уред со помали димензии, моќен хардвер и поприфатлива цена. Тоа ќе биде наследник на моделот SE кој ќе биде базиран на дизајнот на iPhone 8, но секако ќе го добие хардверот од последните генерации на iPhone.

Новиот iPhone најверојатно ќе има екран со големина од 4,7 инчи, ќе има Home копче со интегриран сензор за отпечатоци на прсти, а камерата ќе биде сместена над екранот.


Иако ќе изгледа застарено, сепак под „хаубата“ ќе има модерен и силен хардвер - процесор А13 како и кај последната генерација iPhone 11 кој гарантира брзина. Што се однесува до камерата, на задната страна ќе има само еден сензор, а за квалитетот на самата камера сепак е прерано да се зборува.

Според аналитичарот Минг Чи Куо, Apple со новиот телефон има намера да ги привлече досегашните корисници на iPhone 6 и 6 Plus кои не можат да го надоградат својот оперативен систем на iOS 13.

Куо смета дека новиот телефон на Apple ќе се продава по цена од 399 долари, но сепак за тоа ќе треба да почекаме уште околу еден месец кога ќе бидат познати сите детали.



Спонзорирани линкови

Маркетинг