„Подгответе се, игуаните повторно ќе паѓаат од небо!“

Точка

22/01/2020

15:14

3.347

Големина на фонт

а а а

Ладното време се шири на исток на САД, а со ниски температури погодени се дури и некои јужни делови. Од Луизијана до Каролина, дури и на Флорида, температурите се од 10 до 15 степени пониски од просекот.

Поради тоа се издадени предупредувања на Флорида и Џорџија, а тие се крајно необични. Имено, Националниот метеоролошки центар во Мајами издал соопштение предупредувајќи на игуани.

„Немојте да се изненадите ако видите вечерва како игуаните паѓаат од дрвјата“, навел на Твитер.

Генерално, на југ од Флорида постои страв од игуаните кои обично спијат на дрва и кога ќе заспијат паѓаат „од небо“ право на улица, на автомобили, во базени, па дури и врз минувачите.

Овие животни не можат баш добро да ги поднесат моменталните температури и кога температурата ќе падне под 7 степени Целзиусови, тие паѓаат во длабок сон. Изгледаат како да се мртви, но не се. Дишат и сите функции на телото и понатаму им работат.

Тоа всушност е нивниот начин да се заштитат и во таква состојба оставаат сè додека температурата не биде над 10 степени. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг