ДиКаприо и Де Ниро ја потврдија соработката во следното остварување на Мартин Скорсезе - еве за што станува збор

Точка

22/01/2020

15:25

1.432

Големина на фонт

а а а

Филмот на Марин Скорсезе ќе го носи насловот „Killers of the Flower Moon“, а во него ќе го гледаме легендарниот Леонардо ди Каприо и Роберт де Ниро.

Роберт де Ниро е овогодишниот добитник на животното признание на Здружението на филмските актери, а честа да го претстави ја имал никој друг освен Леонардо кој со Де Ниро последен пат глумел заедно во 1993-та година во филмот „This Boy's Life“.

ДиКаприо во говорот пред самото врачување на наградата зборувал за плодната соработка со Де Ниро и режисерот Мартин Скорсезе која во изминативе години ни подари култни филмски остварувања.

„Многу научив од двајцата. Среќен сум што можам да ги наречам свои соработници. Чест ми е по 30 години што ќе имам можност повторно да глумам со Де Ниро во претстојната драма на Мартин Скорсезе „Killers of the Flower Moon".

Филмот ќе биде направен според вистинска приказна

Идниот филм на Скорсезе ќе биде направен според книгата на Дејвид Гран „Killers of the Flower Moon: The Osage Murders and the Birth of the FBI“, пренесуваат од „UNILAD“.

Дејството на филмот е сместено во 20-те години на минатиот век и ќе зборува и за семејството на американските домородци од племето Осага, кои своевремено биле најбогатиот народ на светот благодарение на нафтата пронајдена на нивната територија.

За ДиКаприо ова ќе биде шестиот филм кој ќе го снима со Скорсезе. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг