(Видео) Хорор во Кочани: Се самозапали 40-годишен маж

Точка

22/01/2020

13:31

12.555

Големина на фонт

а а а

Денеска околу пладне во Трговскиот центар на Кочани се самозапали 40-годишен маж и ги шокираше своите сограѓани.

Очевидци сведочат дека мажот најпрвин се полеал со бензин, по што извадил запалка и се самозапалил.

Случајните минувачи веднаш истрчале да му помогнат, а на помош биле донесени и противпожарни апарати од локалите во близина. Веднаш биле повикани и итните служби - на лице место пристигнала пожарникарска екипа, како и екипа на итна медицинска помош.

Лицето било итно пренесено во болница, а како што соопштија од кочанската болница, повредениот се здобил со тешки изгореници на целото тело, поради што итно бил пренесен на клиниките во Скопје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг