Пејачката искрена за годините и изгледот: “Не сакам да бидам восочна фигура”

Кармин

22/01/2020

13:31

3.482

Големина на фонт

а а а

Пејачката Пинк во септември минатата година наполни 40 години и е една од ретките јавни личности кои гордо ги носат своите години и не се срамат од истите.

Таа неодамна прозборувала на оваа тема и тоа во писмо кое си го упатила кон себеси и го објавила на Твитер. Како што открила, Пинк сака да биде пример за своите деца и тие да можат да видат како таа достоинствено старее. 


“Драга јас, старееш. Гледам брчки, особено кога се смееш. Носот ти станува поголем. Изгледаш и се чувствуваш чудно додека се обидуваш да се навикнеш на оваа нова реалност. Но, твојот нос изгледа како носот на твоите деца, а брчките на лицето се поради смеа. И да, идиот си бидејќи пушеше цигари”, напишала Пинк која признала и дека размислувала за промени.

##https://twitter.com/Pink/status/1219130831211352064##

“Некогаш размислуваш за менување на својот изглед, а потоа гледаш некоја емисија и сакаш да видиш како некоја личност се чувствува, но нејзиното лице не се померува... Не можам да го поддржам тоа, не прифаќам да бидам дел од тоа, да бидам восочна фигура, едноставно не можам”, додала пејачката.

##https://twitter.com/Pink/status/1219131133838778368##

Истакнала и дека е среќна бидејќи изгледот никогаш не ѝ бил приоритет во животот.

“Одлучив дека мојот талент и мојата индивидуалност се далеку поважни од моето лице”, заклучила Пинк, а нејзините објави ги воодушевиле фановите кои ѝ порачале дека е една од ретките артисти кои се подеднакво убави и одвнатре и однадвор.

##https://twitter.com/Pink/status/1219133489770942464##


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk