3-месечната Вини ги украде срцата на љубителите на животни: Сите се прашуваат дали е реална

Точка

22/01/2020

13:00

3.266

Големина на фонт

а а а

Минатиот месец интернетот доби уште една ѕвезда – кокер шпаниелот Вини ги украде срцата на љубителите на животни.

Станува збор за кученце родено во октомври минатата година кое веќе има повеќе од 250.000 следбеници на Инстаграм, а целото внимание е насочено кон неговите очи. Светлите, речиси човечки очи со поглед под долгите дамски трепки се предмет на обожување, пишува “Mirror”. 

Помеѓу фановите на Вини има и познати личности, а еден од нив е и пејачката Рита Ора која ги споделува фотографиите од неа.

Како тоа да не е доволно, Вини веќе ја носи титулата на Дизни принцеза.

“Боже, нејзините очи се како на јунак од Дизни”, “Ова дури и не изгледа реално, изгледа како да е излезена од цртан филм”, “Таа е вистинска Дизни принцеза”, се само дел од коментарите под фотографиите на прекрасното кученце.

Сопствениците на Вини велат дека таа е многу забавна и мила, но додаваат и дека е “дигната” и верува дека целиот свет е нејзин. Но, кој би ѝ замерил?



Спонзорирани линкови

Маркетинг