Таткото на Кавани го навести следниот клуб на искусниот напаѓач

Дерби

22/01/2020

12:15

1.632

Големина на фонт

а а а

Единсон Кавани и официјално побарал да си замине од редовите на ПСЖ во јануарскиот преоден рок.

Во јавноста се шпекулираше дека Атлетико Мадрид ќе биде негова следна дестинација, а во последно време се појавија шпекулации дека тој би можел да заврши и на „Олд Трафорд“ по повредата на Маркус Рашфорд.

Таткото на Единсон, Луис Кавани во интервју за „Ел Чирингито“ истакна дека негова желба е син му да се пресели во Атлетико Мадрид.

– Тој сака да се пресели во друг тим во Европа. Тоа што ќе ме задоволи е ако тој потпише за Атлетико Мадрид. Симеоне го посакува сега, тренерот на ПСЖ исто така истакна дека посакува да остане во тимот. Сепак, ПСЖ не сака тој да оди во Атлетико Мадрид доколку не се најде согласност. Мислам дека има голема шанса тој да игра за Атлетико, а опцијата тој да се пресели таму останува и за во јуни. Има многу други клубови, но кога ќе дадете збор на еден клуб треба да го почитувате, - изјави Луис Кавани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг