Средбата на јахтата за која малку се знае: Путин единствено знае за вистина и моќ!

Точка

22/01/2020

16:06

3.746

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин во 2013-та година рекол дека завршил со тогашниот претседател на САД, Барак Обама и порачал дека ќе чека додека Америка не избере нов претседател со кого ќе може да соработува.

„Се откажав од вашиот претседател“, му рекол Путин на тогашниот прв човек на нафтениот гигант „Ексон“, Рекс Тилерсон кој подоцна ќе стане државен секретар на САД во администрацијата на Доналд Трамп.

„Ќе го почекам вашиот следен претседател и ќе видам дали ќе можам да се договорам со него“, наводно рекол Путин.

Тилерсон се знаел со Путин со години наназад, долго време пред да биде именуван за шеф на американската дипломатија. Во текот на 2013-та година кога се приближувале Зимските олимписки игри во Сочи, Путин го повикал Тилерсон на ручек на неговата јахта.


Во времето неполна година од вториот мандат на Обама, односите помеѓу САД и Русија беа нарушени. Властите од Вашингтон го откажаа билатералниот состанок со Путин како еден вид на укор поради одлуката на официјална Москва да му додели азил на Едвард Сноуден.

Новата книга на двајцата новинари на „Вашингтон Пост“ детално говори за состанокот на Црното море помеѓу Путин и Тилерсон, каде рускиот претседател ја изнел својата нетрпеливост кон Обама.

Тилерсон подоцна ќе му рече на Трамп: „Единствено за што знае Путин е вистина и моќ“. Според него, Путин секое утро се буди сабајле прашувајќи се - каде Америка има проблеми? Ајде да одиме таму и да направиме да биде уште полошо.


Токму во периодот кога Путин се жали од Обама, Трамп му се обраќа на Путин во надеж дека рускиот претседател можеби ќе присуствува на натпреварувањето Мис Универзум кое Трамп го планира во Москва.

На Твитер на 18-ти јуни 2013-та година, Трамп пишува: „Мислите ли дека Путин ќе дојде на Мис Универзум во ноември во Москва - ако дојде, дали ќе стане мојот најдобар пријател?“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг