Фејсбук отвора нови 1.000 работни места во Европа: Бараат програмери, инженери, дизајнери...

Супермен

22/01/2020

11:47

1.817

Големина на фонт

а а а

Компанијата Фејсбук во вторникот објави дека оваа година планира да отвори илјада нови работни места во Велика Британија, а “зајакнувањето“ меѓу другото би требало да ангажира алатки за отстранување на штетните интернет содржини.

Новите работни места ќе бидат отворени воочи планираното отворање на новата канцеларија во Лондон во 2021-та година, а со тоа вкупниот број на работници во компанијата Фејсбук ќе се зголеми на 4.000.

Главниот град на Велика Британија е најголемо инженерско седиште на Фејсбук надвор од САД.

Според извештаите, повеќе од половина работници ќе бидат фокусирани на технологијата вклучувајќи и програмски инженеринг, дизајн на производи и наука за податоци. Новите работници исто така ќе се занимаваат со развој на апликацијата воркпејс и What's App.

Дел од новите работници ќе бидат ангажирани и во тимот на Фејсбук "Community Integrity" кој произведува алатки за откривање и уништување на штетните содржини на платформата како што е Месинџер, Инстаграм.


Проширувањето на тој тим временски се поклопил со настојување на Фејсбук да ја врати довербата на корисниците откако се случи скандалот со Кебриџ Анализата.

Компанијата во 2018-та година се нашла на удар на критики откако беше откриено дека британска фирма за политичко советување добивала пристап на податоци од 87 милиони корисници без нивна дозвола.

Во јули, американската федерална комисија за трговија одредила казна за Фејсбук од пет милијарди долари поради недоволна заштита на корисничките податоци и поради кршење на правото на обврзувачки договор со американската влада за заштита на приватност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk