Дана Вајт потврди: Конор има желба за борба со Хабиб, мислам дека таа борба има…

Дерби

22/01/2020

11:14

2.059

Големина на фонт

а а а

Првиот човек на УФЦ, Дана Вајт потврди дека Конор Мекгрегор има голема желба повторно да се пресмета со Хабиб Нурмагомедов.

Ирецот се врати во октагонот каде беше немилосрден против Доналд Сероне кого го победи за само 40 секунди, а сега е подготвен за реванш со Хабиб Нурмагомедов.

– Конор сака борба со Хабиб. Тој секогаш има многу опции, но сака само со Хабиб. Ќе видиме што ќе се случи, но мислам дека и за Хабиб таа борба има смисла, - истакна Дана Вајт.

Хабиб Нурмагомедов неколку пати изјавуваше дека не е заинтересиран за нова пресметка со Мекгрегор, но истата и тоа како може да се случи по најновите најави на Дана Вајт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг