Кралицата сè уште не се опорави од скандалот со Хари, а сега ја посрамоти друг принц: Се појави во бизарна реклама

Точка

22/01/2020

10:55

4.400

Големина на фонт

а а а

И додека целиот свет и натаму зборува за случајот со принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, најстариот внук на кралицата Елизабета Втора одлучи да се појави во кинеска реклама за млеко.

Веќе три децении целото внимание на британската и светската јавност е насочено кон принцевите Вилијам и Хари, па често се заборава дека тие се само двајца од вкупно осумте внуци на кралицата Елизабета Втора.

Додека очите на целиот свет и натаму се вперени во принцот Хари кој заедно со својата сопруга Меган Маркл го шокираше британското кралско семејство со одлуката да се повлече од кралските должности, на сцена настапи најстариот внук на кралицата Елизабета Втора, 42-годишниот принц Питер Филипс.


Филипс се појави во кинеска реклама за млеко, а на еден од рекламните постери тој позира со чаша во рацете, додека во позадина има куќа која неодоливо потсетува на Лонглит во Вилтшајр.


Рекламата секако ја постигна целта, го привлече вниманието на јавноста, а додека многумина сметаат дека Питер го користи тоа што е член на кралското семејство за да заработи од реклами, многумина велат дека едвај чекаат да го пробаат „кралското“ млеко.



Спонзорирани линкови

Маркетинг