Моќниот богаташ ја открива тајната на совршеното здравје - еве што сè јаде првиот човек на Твитер и воопшто не звучи паметно

Точка

22/01/2020

10:45

4.362

Големина на фонт

а а а

Кога извршниот директор на Твитер, Џек Дорси ја обелоденил својата ригорозна “велнес“ рутина, односно својата навика да јаде по еден оброк дневно, а понекогаш да внесува храна во текот на целиот викенд, истата предизвикала големо внимание во јавноста.

Тогаш тој изјавил дека таканаречениот повремен пост е за него “нова димензија“.

Претходната седмица, Дорси го ажурирал сознанието на јавноста за својата контроверзна навика за постот.

Овие денови Дорси јаде само “седум оброци секоја седмица, само вечера“.

Вечерата за Дорси е навистина голем оброк кој се состои од протеини, како риба, пилешко месо, вклучувајќи и салата од рукола или пак спанаќ, шпагети или пилешки крилца.

А, потоа за десерт јаде темно чоколадо.


Експертите се согласни дека постот кој трае подолго од 12 часа може да биде опасен, особено за луѓето кои имаат специфични здравствени состојби или пак консумираат одредени лекови.

Дорси исто така изјавил дека се обидува да медитира секој ден. Тој, според изјавите од 2018-та година практикува дневен облик на медитација кој е наречен “випасана“ и кој е исклучително болен и физички и психички.

Тој облик на медитација од луѓето бара да седат со прекрстени нозе од 30 до 40 минути без поместување.

Дорси не е единствениот од милијардерите кој има невообичаени навики во исхраната.

Коосновачот на „Apple“ - Стив Џобс исто така некогаш постел и јадел само овошје, јаткасти плодови, семки и житарици. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг