Владата го донесе Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион

Макфакс

22/01/2020

09:55

629

Големина на фонт

а а а

Владата го донесе „Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион (2020-2029 г.)“, со акционен план, со кој се обезбедува имплементација на сите препораки на УНЕСКО.

Во Планот се прецизираат забранетите активности во соодветните заштитни зони и се утврдија идните специфични планови и истражувања што се неопходни за обезбедување на одржливиот развој на подрачјето на доброто.

„Со предложените мерки ќе се зајакне институционалниот капацитет за одржливо управување на заштитетното светското природно и културно наследство во Охридскиот регион“, соопшти Владата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг