Зимата во Европа заврши: Снег не видовме, а еве каква пролет нѐ очекува

Точка

22/01/2020

10:01

6.852

Големина на фонт

а а а

Во досегашниот дел од зимата која започна на 1-ви декември, сѐ уште сме немале зимски циклус, а со самото тоа немаше позначајни врнежи на снег. Според објавената месечна прогноза на EFFIS, зимата во Европа е готова.

Имено, позитивно температурно отстапување се очекува во сите следни седмици до 1-ви март и почетокот на пролетта, а очекуваното температурно отстапување е најизразено таму каде што треба да има најмногу снег - во Русија.

Сепак, тоа не значи дека нема можност за краткотрајни циклони кои би можеле да донесат снег, но од „големо зимско сценарио“ се чини дека оваа година нема ништо. Во прилог на тоа оди и фактот што се предвидуваат помалку дождови од просекот, што значи дека ќе продолжи топлата антициклонска доминација.


Со оглед на тоа што над поголем дел од Европа и Азија ќе се задржи високиот притисок на воздухот, и во текот на февруари на тоа подрачје се очекуваат температури над просекот за таа доба од годината. Тоа значи дека се зголемува веројатноста над континентална Европа до крајот на зимата да не видиме вистинско зимсо време.

Според метеоролозите, секогаш постои можност за транзициско ладно време, но според досегашните анализи, шансата за такво нешто е навистина мала затоа што како што одминува времето, поларниот вртлог губи на сила.

Каква пролет нѐ очекува?

Метеоролозите велат дека е лесно видлив високиот притисок на северот на Пацификот, западен Атлантик и Европа. Со оглед на притисокот на воздухот и во март, април и мај во Европа и Азија се очекуваат температури повисоки од просечните за таа доба од годината.

Што се однесува до врнежите од дожд, на југот на Европа се очекува сушно време.

Континентална Европа би требало да има просечни количини на врнежи, што значи дека не треба да се очекуваат сушни периоди. Најмногу врнежи се предвидуваат во централна и северна Европа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг