Вирусот незапирливо се шири: „Тој се шири преку респираторниот систем и постои можност за мутација“

Точка

22/01/2020

08:55

2.293

Големина на фонт

а а а

Бројот на заразени луѓе од новиот тип на каровирус кој се појави во Кина пораснал на 440, а девет луѓе починале, соопштиле денес од кинеската здравствена организација.

Заразените пациенти идентификувани се во 13 кинески провинции, изјавил директорот на Националната здравствена комисија Ли Бин, пренела државната телевизија.

СЗО денес ќе одржи итен состанок по повод новиот корона вирус.

„Веќе имаше пренесување на вирусот од човек на човек и инфекција на медицинските работници. Докажано е дека болеста се пренесува преку респираторниот тракт и дека постои можност за мутација на вирусот“ - изјавил Ли.

Сите девет починати пациенти биле од провинцијата Хубеи каде што има најмногу заболени. Надлежните граѓани треба да го избегнуваат метежот и јавните тоалети, пренесуваат од АР.

Стравот од епидемија се шири затоа што милиони Кинези оваа седмица патуваат низ целиот свет за да ја прослават Нова година во сабота.

Случаите на зараза од овој вирус се идентификувани и надвор од Кина, во Тајван, Филипини, Тајланд, Јапонија, Јужна Кореја, а вчера беше потврден и првиот случај во САД.

Новиот вирус припаѓа на групата вируси кои се предизвикани од САРС, болеста од која во 2002-2003- та година починаа 800 луѓе ширум светот. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг