Планот на Путин: До детаљ испланирал како да ја задржи моќта

Точка

21/01/2020

20:14

4.251

Големина на фонт

а а а

Искусните автократи ретко даваат оставка, а не ни исчезнуваат тукутака. Така, Владимир Путин минатата среда вешто ги уфрлил предлозите за неколку измени во рускиот Устав во својот годишен говор за државата, по што веднаш уследила оставка на целата Влада, под претпоставка дека претседателот, кој има 67 години, ги поставил темелите за продолжување на своето 20-годишно владеење по истекот на неговиот моментален мандат во 2024-та година.

Меѓутоа, тоа што тој го предложил не било ништо толку едноставно, како што би била промената на ограничувањата од два едноподруго мандати на чело на државата, што го пропишува рускиот Устав, пишува "New York Times". 

Путин не сака да "допира" во рамките на постоечкиот систем кој во целост е под негова контрола. Последен пат кога повлекол брз потег за да го продолжи престојот во власта, Русите излегле на улиците и негодувале.

Овој пат претседателот ја започнал својата махинација четири години однапред, држејќи ги сите во целосна збунетост.

Тоа што предложил е всушност следното. Прво, на Долниот Дом на Парламентот да му се додели поголема моќ за избор на министри, вклучувајќи го и самиот премиер, кој моментално го предложува претседателот, а законодавното тело само го потврдува. Второ, да му се забрани на претседателот да отслужи повеќе од два мандати. И трето - да се даде некаква власт на Државниот совет.

Путин, да потсетиме, за премиер именувал човек на кој не сметал никој - Михаил Мишустин, кој бил шеф на даночната управа. Мишустин се смета за компетентен, но не и за закана за Путин. Од друга стана, знае многу тајни кои би можеле да му помогнат на неговиот шеф доколку било кој во елитата помисли дека е многу важен или значаен.

Овие мерки кои ги предложил Путин наговестуваат неколку сценарија. Најизвесно е тоа дека Путин ќе ја задржи контролата преку новооснованиот Државен совет. Неговиот наследник на местото претседател би бил деградиран, така што Путин би ја задржал значајната моќ од "зад завесата".

Предноста на овој систем би била таа што Путин, вршејќи команда, би можел да го обвини премиерот за било какви недостатоци, а исто така и парламентот за именувањето на таквиот премиер. Престојот надвор од главната сцена би му овозможил на Путин да ги намали работните часови и да се посвети во уживањето во своите милијарди.

Без разлика на неговите крајни намери, Путин има авторитет и популарност преку референдум да ги истера уставните амандмани без сериозен отпор и на време да го испланира својот следен потег. Тоа за Западот значи дека нема да има промена на политиките до 2024-та, а веројатно тие нема да се менуваат ни после тоа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг