"Моќници од Дубаи ни нудат илјадници евра да нè однесат во кревет": Исповед на инфлуенсерки од Инстаграм

Точка

21/01/2020

19:42

6.871

Големина на фонт

а а а

Нудат вртоглави суми на пари и разни други богатства за да ги намамат ријалити ѕвездите од двата пола.

Не е необична појава инфлуенсерките од Инстаграм да добиваат приватни пораки на сите теми, но тоа што ја изненадило ријалити ѕвездата Роузи Вилијамс е една понуда за сексуални услуги. 

Како што објаснува Роузи, поранешна учесничка на реалното шоу "Love Island", неодамна и се обратил еден маж од Дубаи со намера да направи "важна трансакција".

И понудил повеќе од 110.00 евра, како и облека и ташни, во замена за нејзиното друштво.

"Или толку добро ни оди, да не мора да прифаќаме понуди, па не ги ни споменуваме, или веќе сме го направиле тоа со нив, но ни е срам", вели Роузи.

Тајн-Лекси Кларсон, исто така учесничка во "Love Island", открила дека и била нудена монетарна компензација за сексуална услуга. Добивала пондуи и пред појавата во реалното шоу, кога имала само 19 години.

Првобитно сакале да и платат околу 25.000 евра за вечера и пијалак, но по учеството во реалното шоу и пристигнал мејл од една агенција која и понудила 60.000 евра за пет ноќи во Дубаи. Покрај парите и раскошот би одел и договор за доверливост, кој би ја спречил да открие што била принудена да прави таму.

Тајн Лекси ја одбила безобразната понуда, но сега е загрижена за инфлуенсерките во развој, кои би прифатиле се во замена за "живот на висока нога".

Жената која го користи лажното име Изабел открила за еден британски медиум дека и се обратил десетина години постар човек. Тој имал фетиш да биде финансиски доминантен над партнерката, па на Изабел и подарил ташна во износ од неколку стотина евра.

Нивната размена продолжила уште 18 месеци, кога мажот и понудил да и отплати долг во износ од речиси 6.000 евра. За возврат сакал да ја одведе во кревет.

За неа оваа размена на добра не била исто што и проституција, туку врска која со време се развила.

"Станува збор за елитна проституција. Страшна е самата помисла дека ми се обратија. Такви пораки сигурно добиле уште неколку илјади убави девојки на Инстаграм", вели Кларсон.

Ни мажите не се поштедени

Роб Купер, агент кој ги застапува познатите, тврди дека и мажите со сличен статус на Инстаграм добиваат вакви понуди.

Тој предложува социјалните мрежи да направат нешто по тоа прашање, односно за одговорноста на оние кои ги праќаат таквите пораки, што би се постигнало со врзување на профилите со пасошот на сопственикот или неговиот единствен матичен број.

Претставник на компанијата "Facebook", која го поседува "Instagram", го издал следното соопштение:

"Купувањето на сексуалните услуги не се толерира на Инстаграм, а оние кои постојано ги кршат нашите одредби добиваат забрани за пристап. Сакаме Инстаграм да биде безбеден простор каде луѓето можат да се изразат. Вложуваме многу во технологија која ќе оневозможи вознемирување на нашата платформа".

Според зборовите на една инфлуенсерка, социјалните мрежи претставуваат своевиден каталог за мажите кои се подготвени да понудат пари за да го добијат тоа што го сакаат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг