Минатата година, еден од најпопуларните зимски парчиња беше џемпер со животински принт, поточно со варијанти на леопард шарата.
Оваа зима пак, повторно доминира животинскиот принт, но овој пат зебриниот. А сè започна од еден џемпер...
Се работи за модел на италијанскиот бренд „The Attico“, а го популаризираа модните блогерки и инфлуенсерки Џилда Амбросио и Џорџија Тордини, кои се всушност и основачи на истиот.
Џемперот е со црвено-бела комбинација на бои, има и нагласени ракави што е апсолутен тренд и доволно е впечатлив за веднаш да го забележите и посакате да го носите.
Уште од семптември месец често може да се види на улиците на модните метрополи, за што сведочат фотографии и од улична мода.
Одлично изгледа со кожени панталони, џинс, но и плисирани здолништа, кожени здолништа или пак мини со некој друг принт...
Како го комбинираат модните блогерки, погледнете во продолжение и инспирирајте се: