Згрозените патници не можеле да веруваат што правел овој човек во текот на летот...

Точка

21/01/2020

19:55

4.217

Големина на фонт

а а а

Некој патник во авион бил уловен како ги суши своите чевли со помош на вентилацискиот отвор во текот на летот.

Тој чин ги згрозил многумина од останатите патници кои ја снимиле таа сцена, но и многубројни корисници на социјалните мрежи кога видеото се појавило онлајн.

Снимката исто така била споделена и на Инстаграм страницата Passenger Shaming, каде што била прегледана над 320 илјади пати.

„Да, ова е непријатно, нула самосвест“ - пишува покрај видеото.

„Барате ли совршен начин за ширење на вашиот мирис низ авионот? Не барајте понатаму“ - е една од реакциите.

„Што им е на луѓето?“ - прашувале други.

Некои напишале дека доколку се соочат со такво нешто сигурно ќе ја земат работата во свои раце: „Доколку направи некој такво нешто пред мене, ќе му покажам што треба“.

Поедини патници на авионот биле сведоци на многу такви непријатни ситуации, а на Инстаграм страницата со повеќе од милион фанови може да се видат некои од таквите работи.

Погледнете дел од нив:



Спонзорирани линкови

Маркетинг