Заев: Создаваме програма којашто е мозаик на вредности и ќе вгради дигитална и инвентивна економија

Макфакс

21/01/2020

18:04

667

Големина на фонт

а а а

Создаваме програма којашто е мозаик на вредности, како што е впрочем и нашето општеството. Програма којашто ќе вгради дигитална и инвентивна економија, како нов двигател во периодот што ни претстои, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев, пред работниот состанок со претставници на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Тој кажа дека верува дека периодот којшто доаѓа, без разлика како ќе определат граѓаните за да се движи државата, ќе биде период на сериозен економски предизвик и вистинска трансформација на институциите.

„Недвојбена е нашата интеграција во НАТО и ЕУ. Верувам дека периодот којшто доаѓа пред нас, без разлика како ќе определат граѓаните за да се движи државата, ќе биде период на сериозен економски предизвик и вистинска трансформација на институциите. Интеграциите треба да донесат бенефит, сериозна помош и поддршка од европски фондови и НАТО интеграциите. Треба да се посветиме на трансформација на општеството, да го менуваме односот поединечно како луѓе, да се европеизираме во делот на вредностите“, рече Заев.

Решавањето на проблемот со Грција и Бугарија, додаде тој, и градењето на интер етничка кохезија внатре во државата и интеграциите, сето тоа е заради подобар економски стандард.



Спонзорирани линкови

Маркетинг