Северна Кореја прекршила: Америка ги игнорира нуклеарните преговори, немаме веќе никаква обврска! Нема да трпиме притисок

Точка

21/01/2020

17:41

1.772

Големина на фонт

а а а

Северна Кореја соопштила денес дека САД го игнорирале рокот за нуклеарни преговори, и дека Пјонгјанг веќе не се чувствува должен да ги исполнува своите обврски, кои вклучуваат сопирање на нуклеарните проби и тестови на интерконтинентални балистички ракети.

Покрај тоа, Северна Кореја порачува дека можеби ќе побара друг пат, пренесува "Reuters". 

Советникот во мисијата на Северна Кореја при ОН во Женеа, Џу Јонг-чол, рекол дека минатите две години неговата земја престанала да врши нуклеарни проби и тестови на интерконтинентални балистички ракети за да развие доверба меѓу Пјонгјанг и Вашингтон, пренесува "Reuters".

Меѓутоа, како што навел, САД одговориле така што спровеле неколку заеднички воени вежби со Јужна Кореја на полуостровот и така што вовеле санкции.

"Бидејќи стана јасно дека САД не ги променија амбициите да го блокираат развојот на Северна Кореја и да го загушат нејзиниот политички систем, не гледаме причина еднострано да бидеме врзани за тие обврски кои другата страна не ги почитува", рекол тој на конференцијата при ОН за разоружување.

САД ги обвинил за примена на "најбрутални и нечовечки санкции" и предупредил дека ако САД продолжат со "непријателската политика" кон Северна Кореја, нема да дојде до денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

"Ако САД се обидат да спроведат еднострани барања и да наметнат санкции, Северна Кореја може да биде принудена да бара нов пат", порачал тој.

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун дал рок од една година за преговори за денуклеаризација со САД, а советникот на Белата куќа за национална безбедност, Роберт О'Брајан порачал тогаш дека САД отвориле канали за комуникација.

О'Брајан рекол дека се надева дека Ким ќе се придржува до обврските за денуклеаризација, на кои се обврзал во текот на самитот со американскиот претседател Доналд Трамп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг