Ѓоковиќ во поразлично светло - ја превртел масата па изнервиран го напуштил студиото

Точка

21/01/2020

18:53

12.024

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ пред почетокот на Австралијан Опен имал време и да се забавува.

Гостувајќи во една австралиска ТВ емисија, Новак имал задача да ја погоди “мистериозната“ личност. Водителот го избрал токму него.

Најдобриот тенисер на светот поставувал прашања за по пат на систем на елиминација да дојде до вистинскиот одговор, но сепак не успаел да погоди.

На прашањето “дали сум смирен“ водителот одговорил потврдно. Тоа предизвикало хаос. Новак потоа се елиминирал самиот себе па мислел дека станува збор за Роџер Федерер.

Кога водителот му ја покажал картичката на која бил неговиот лик, Ноле побеснел па ја превртел масата и го напуштил студиото.

„Како мислиш смирен сум? Дали ме зафркаваш или што?“ - викнал Новак па го напуштил студиото.

Погледнете го видеото кое ќе ве насмее:



Спонзорирани линкови

Маркетинг