На овие крадци им се смее цел интернет: Успеале да влезат во лондонска златарница, но излегувањето било проблем

Точка

21/01/2020

18:11

2.921

Големина на фонт

а а а

На интернет кружи урнебесна снимка од тројца крадци кои уште во април 2019-та година ограбиле една продавница со накит во северен Лондон.

Снимката повторно станала актуелна со оглед на тоа дека еден од крадците, 32-годишниот Ендру Елиот бил осуден на седум години затвор бидејќи украл накит вреден 21.000 фунти. На снимката се гледа како еден крадец се обидува да побегне од продавницата, но продавачката го стиснала тастерот за заклучување на вратата и потоа побегнала во тоалет каде се заклучила и повикала полиција. Во тој момент во продавницата влегува и пријател на двајцата крадци, но бидејќи е активиран системот за заклучување со кој вратата не може да се отвори од внатре, крадците не можат да излезат. 

Еден потоа се сетил дека треба ги стисне тастерите, па тоа и го направиле, а другиот излегол надвор. Но, кога овој излегол не им ја придржил вратата на своите колеги, па вратата повторно се заклучила.

Вториот излегол надвор на ист начин, но ја направил истата грешка како и првиот, односно му за затворил вратата пред нос на преостанатиот колега. Со оглед на тоа дека не можел сам да ја отвори вратата, почнал да тропа по неа, па еден минувач на крајот му помогнал да побегне. Сепак, на крајот сите биле уапсени и осудени на казна затвор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг