Меган Маркл фотографирана додека била на прошетка со синот и кучињата - сите ја нападнале поради ова

Точка

21/01/2020

17:24

6.027

Големина на фонт

а а а

Меган Маркл е фотографирана со широка насмевка на лицето додека шета со синот Арчи и кучињата во Канада, каде живее откако е соопштено дека таа и нејзиниот сопруг повеќе не сакаат да бидат постари членови на кралското семејство.

Меѓутоа, иако Меган делува среќно, многумина ја нападнале поради начинот на кој го држи синот.

Откако се проширија фотографии од прошетката, корисниците на социјалите мрежи на Меган ѝ порачале да побара совет од дадилка како се држи дете, пренесува Дејли Меил.


Имено, на фотографиите се гледа дека војвотката од Сасекс е добро расположена, додека го носи Арчи во “кенгур“, а на прошетка ги однела и двете кучиња.

На нејзиното лице нема знаци за драми и стресови поради Мегзит, а војвотката изгледа дека ужива во слободата.


Меѓутоа, чудниот начин на кој го држи синот, на многумина им паднал во очи, па истакнале дека 8-месечното дете изгледа како да му е непријатно во кенгурот.

Други истакнале дека Меган изгледа како да ѝ треба помош.


„Ве молам некој нека ѝ покаже на Меган како се носи кенгур, пред малиот Арчи да падне“, гласи еден од коментарите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг