Протекоа детали од најмоќните мотори на Golf: Моделот GTI стартува со 245 коњски сили!

Точка

21/01/2020

16:35

1.461

Големина на фонт

а а а

На интернет се појавија првите детали околу моќта на новите модели на Golf GTI, GTI TCR, GTD, GTE и R.

Откако минатата есен дебитираше осмата генерација на популарниот германски хечбек, автомобилските ентузијасти со нетрпение ги очекуваат деталите околу високоперформансните верзии на бестселерот на Фолксваген.

Доколку податоците објавени во германските медиуми се покажат како точни, тогаш Golf GTI во основната верзија ќе пристигне со мотор кој ќе развива 245 коњски сили (180 kW), додека пак GTI TCR верзијата ќе располага со 300 коњски сили (221 kW).


Оние кои што преферираат помоќни дизелаши, на располагање ќе ја имаат верзијата GTD со мотор кој испорачува 200 коњски сили (147 kW), додека plug-in hybrid верзијата Golf GTE ќе добие погонски систем кој ќе испорачува вкупна сила од 245 коњски сили (180 kW).

На тронот ќе се најде Golf R кој според неофицијалните податоци ќе располага со импресивни 333 коњски сили (245 kW).

Што се однесува до моделите GTI и GTD, сите детали ќе бидат познати наскоро со оглед на тоа што Фолскваген двата модели и официјално ќе ги претстави на претстојниот саем на автомобили во Женева, додека за Golf R ќе мора да почекаме до летото кога ќе биде претставен на "Goodwood Festival of Speed" во Англија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг