Пребарале два збора на Гугл па станале дел од ланецот за проституција: Животот на богатите малолетнички ја замрзнува крвта

Точка

21/01/2020

16:23

6.200

Големина на фонт

а а а

„Доколку имате 16 години и живеете во најубавиот дел од Рим тогаш вие сте среќни. Нашиот свет е најубавиот. Меѓутоа, за да преживееме мора да водиме таен живот“.

Со овие воведни зборови почнува воведот на првата епизода од контроверзната италијанска серија „Baby“ која е базирана на вистински настани, која низ пејзажите на преубавиот Рим ве воведува во животот на две тинејџерки од имотни фамилии кои во потрага по идентитет и независност почнуваат да нудат сексуални услуги во замена за пари, мобилни телефони и скапи дизајнерски алишта.

Кјара и Лудовика живеат во најелитниод дел на градот Рим, Париоли, одат во прескапи приватни училишта и носат најскапи алишта. Сепак, иако имаат сè што ќе посакаат повеќето лоши одлуки ги внесуваат во ланецот на проституција, а целата приказна е инспирирана од аферата „Baby Squillo“, во буквална смисла „Бејби хот лајн“ која во 2014-та година ја обиколи цела Италија.


Сè започнало така што загрижените родители повикале полиција и откриле дека група малолетни тинејџерки од квартот Париоли се упатени во ланецо на проституција.

Малолетните девојчиња во изјава за полицијата раскажале како стигнале до проституција, а тоа го направиле така што на Гугл напишале само две зборчиња - “лесни пари“.

Набрзо наишле на оглас кој го нудел тоа и по извесно време станале нивни макроа.

Тоа што е интересно во нивната приказна е фактот што тие биле многу млади и многу попривлечни за одредени клиенти, вклучувајќи го и внукот на италијанскиот диктатор Бенито Мусолини.

Девојчињата заработувале и до 3.000 евра дневно за својата работа. Иако проституцијата во Италија не е илегална кога станува збор за малолетници ситуацијата се менува. Девојчињата објасниле дека станале зависни од пари и дека не можеле да престанат да го прават тоа.


ОД 50 мажи кои користеле услуги од тие девојчиња, 11 отслужиле казна затвор и платиле парични казни.

Што се однесува до девојчињата тие побарале помош од психолог по целата таа афера. Како што се наведува, 14-годишните девојчиња претрпеле тешки психички трауми додека пак 16-годишните биле во состојба полесно да соработуваат со полицијата.

Овие девојчиња директно ги инспирирале ликовите на Кјара (16) и Лудовика (14) во серијата „Baby“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг