Да бидеме искрени, сите некогаш сме се излажале - без разлика дали тоа биле бели лаги или оние кои сосема го менуваат погледот на работите.
Сепак, постојат два хороскопски знаци кои едноставно не умеат да лажат и попрво бираат да ја кажат вистината, колку и таа да е груба и непријатна. Таквите луѓе воглавно се најискрени и подобро им е да ја кажат вистината во лице, без оглед на последиците.
Иако се енергични, тие не сакаат својата енергија да ја трошат во лажење. Поради својата имплусивност, секогаш ја кажуваат вистината во лице, без оглед на тоа дали некого ќе повредат.
Искреноста е нивното второ “јас“, па со самото тоа не се плашат да ја кажат вистината. Како што рековме, нивните брутално искрени зборови некогаш знаат да повредат некого, но и покрај тоа, важно им е да не лажат.
Стрелците се најискрениот хороскопски знак, верувале вие или не. Исто така за нив се вели дека се многу добри луѓе кои ги почитуваат своите пријатели и она што тие го имаат и дека се многу великодушни.
Единствено што може да им се забележи (а и не мора) е тоа што сакаат да преувеличуваат некои свои случувања. Иако, не прават од себе херои, туку само сакаат да го забавуваат друштвото со кое се излезени. Стрелците како и Овните сè сакаат да кажат во лице, без оглед на последиците.