Ќерката на Ненси Пелоси која претседава со Претставничкиот дом, на Доналд Трамп му дала шише со вода, а пред тоа никој не проверил што всушност има во тоа шише.
Во дел од новата книга „Многу стабилниот гениј“ која ја напишаа новинари на „Вашингтон пост“, откриен е безбедносен пропуст кој се случил во Белата куќа во Вашингтон на околу шест седмици по инаугурацијата на Доналд Трамп.
Александра Пелоси режираше документарец во Белата куќа на 1-ви март 2017-та година кога во еден момент се појавил претседателот Трамп.
Тој побарал вода за време на снмањето, но со оглед на тоа што во тој момент немало никој од членовите на персоналот да му подаде вода, Пелоси од својата чанта извадила шише со вода кое му го дала на американскиот претседател. Таа била шокирана кога сфатила дека никој не го прегледал шишето со вода.
„Сум била и претходно во Белата куќа, секогаш постојат протоколи. Овде немаше правила, немаше протокол. Размислувам, зарем не треба да има некој што внимава на тоа што јаде и пие претседателот на САД?“, изјави Пелоси.