Први посериозни проблеми за Мурињо: Влегол во жесток конфликт со играч на Тотенхем, на тренингот имало викање и големи расправии…

Дерби

21/01/2020

10:21

1.465

Големина на фонт

а а а

Англискиот „Дејли Мејл“ пренесува дека на еден од последните тренинзи дошло до тензична ситуација во редовите на Тотенхем.

Имено, Дени Роуз бил незадоволен што не бил во комбинација за настап на натпреварот против Вотфорд. Роуз и Мурињо влегле во вербален конфликт, а како што пишува медиумот на тренингот било навистина тензично и имало многу викање.

Многу од играчите застанале во одбрана на Мурињо и не биле среќни со однесувањето на нивниот соиграч кој направил целата ситуација да ескалира.

Сепак, на вчерашниот тренинг работите се смириле, па Роуз тренирал заедно со останатите играчи на Тотенхем.



Спонзорирани линкови

Маркетинг