Интер ќе „украде“ уште еден фудбалер на Манчестер Јунајтед: Постигнат договор, играчот од следната сезона на „Меаца“?

Дерби

21/01/2020

10:21

1.290

Големина на фонт

а а а

Интер беше еден од тимовите кои се поврзуваше со ангажман на охриѓанецот, Дејан Кулушевски, но по неговото заминување во Јувентус, од клубот се решија да побараат нов, млад крилен фудбалер.

Како што пишуваат медиумите во Италија, изборот паднал на фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Тахит Чонг кој ја игра последната година од договорот со клубот.

Младиот крилен фудбалер на „ѓаволите“ добиваше шанса од Оле Гунар Солскјер оваа сезона, но не успеа да остави значителен впечаток, па затоа од Манчестер Јунајтед не сакаат да ги прифатат неговите огромни барања за тој да го продолжи договорот.

„Тутомеркато“ пишува дека од Интер се сретнале со Синоух Мохамед, агентот на Чонг и дека наводно се договориле за петгодишна соработка која би започнала од следната година кога играчот ќе стане слободен агент.

Чонг би добивал по не така мали два милиони евра по сезона, а во зависност од неговите настапи платата би можела и да порасне.



Спонзорирани линкови

Маркетинг