Играчот на СПАЛ со „скорпион“ техника спречи чист гол и ја изрежира дефанзивната реакција на сезоната

Дерби

21/01/2020

09:52

1.243

Големина на фонт

а а а

СПАЛ направи огромно изненадување во Бергамо и со пресврт успеа да ја победи разиграната Аталанта со 1:2, триумф во кој важна улога одиграа Петања и Валоти кои ги постигнаа головите, но сепак сите пофалби отидоа на сметка на Симоне Мисироли.

Искусниот играч за врска на СПАЛ ги воодушеви фудаблските фанови со својата реакција при резултат 1:2, бидејќи со една фасцинантна „скорпион“ техника спречи чист гол на Пашалиќ. Кога сите ја видоа топката во голот, Мисироли се фрли во очај и спречи да видиме израмнување, а со тоа сигурно си загарантира прво место кога е во прашање дефанзивната реакција на сезоната во италијанската Серија А.



Спонзорирани линкови

Маркетинг