Три лица загинаа во невремето во Шпанија! Во провинцијата Валенсија дува ветер со јачина од 115 километри на час!

Точка

20/01/2020

19:15

2.402

Големина на фонт

а а а

Три лица загинале во бурата „Глорија“, која вчера и денеска ширум Шпанија донела силни ветрови, густ снег и ниски температури, соопштија локалните власти.

Најзагрозени се градот Валенсија на медитеријанскиот брег и Балеарските острови, а во повеќе од 30 провинции е прогласена вонредна состојба.


Поради бурата е затворен аеродромот во градот Аликанта, поради што се откажани речиси 200 летови, пренесува Ројтерс.

Националната метеоролошка служба пренесува дека во провинцијата Валенсија дува силен ветер со јачина од 115 километри на час, а брановите постигнале висина од осум метри.


Во повеќе од 120 општини во таа провинција е откажана училишната настава, а сообраќајот е блокиран.




Спонзорирани линкови

Маркетинг