Се чувствувате лошо? Не сте единствени!: Денеска е “тажен понеделник”, најдепресивниот ден во годината

Точка

20/01/2020

15:14

2.599

Големина на фонт

а а а

Денеска е третиот понеделник во јануари, според некои најдепресивниот ден во годината. Сепак, вистината зад овој ден е маркетиншки трик, а еве во што е трикот.

Утринава едвај станавте од кревет и се чувствувате лошо и депресивно? Не сте единствени! Имено, денеска е “тажен понеделник”, најдепресивниот ден во годината. 

Поимот “Тажен понеделник” го утврдил академикот Клиф Арнал во 2005 година. Во текот на одредувањето на овој ден, Арнал зел предвид мноштво фактори кои би можеле да нè депримираат, како состојбата на банкарската сметка, времето, стапката на развод и слично. Оттогаш истражувачите следеле милиони твитови и откриле дека на овој ден, бројот на негативни објави се зголемува за дури 5 пати.


Третиот понеделник во годината се смета за депресивен бидејќи чувствуваме општ пад во мотивацијата, летото сè уште не е на повидок, празничната еуфорија полека спласнува и се враќаме на работата и редовната дневна рутина, така што е сосема разбирливо што не сакаме да станеме од кревет.

И додека многумина делат совети како да го “преживеете” овој ден, директорката на Фондацијата за ментално здравје од Лондон, Изабела Голди, тврди дека најдепресивниот ден во годината е всушност “измислен” уште во 2005 година за подобро да се продаваат летните аранжмани.

“Оттогаш станал маркетинг настан чија примарна цел е да продава услуги”, навела таа.


Голди навела дека е од витално значење да се разликува чувството на тага и умор во текот на еден ден до реална ментална болест. Како што наведува таа, денеска може да се чувствувате малку полошо бидејќи празниците веќе завршија, но додава дека “тажниот понеделник не е најдепресивниот ден во годината”.

Изабела наведува и дека постои депресија која се јавува секоја година во истата сезона.

“Главните фактори на ризик за менталното здравје (сиромаштија, траума, осаменост, постојан стрес и физичко здравје) не се ограничени само на еден месец, а камоли на еден ден. Можеме да расправаме за сезонските варијации, имајќи предвид дека некои луѓе кои живеат со проблеми кои се однесуваат на менталното здравје, некои денови се чувствуваат полошо, особено во зимскиот период. Меѓутоа, луѓето со ментални проблеми се борат со нив секој ден”, заклучила таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг