Македонскиот репрезентативец, Енис Барди ќе мора одредено време да биде надвор од фудбалските терени.
Шпанскиот прволигаш Леванте ја информираше јавноста дека Барди има повреда на мускулот со која се здобил на вчерашниот тренинг, па сега го очекува пауза од околу две недели (12 дена). Ова значи дека Енис сигурно ќе и скокне пресметките со Севилја во Купот и Осасуна во Примера, односно дека ќе виси и за гостувањето на „Камп Ноу“ за мечот со Барселона закажан за 2 февруари.
Ако нашиот ас не бие подготвен за Барса тогаш следната можност е дуелот со Леганес на 8 февруари.