Сабонис „испука“ трипл-дабл за победа на Индијана во Денвер, Спарс ја добија битката со Мајами

Макфакс

20/01/2020

14:51

992

Големина на фонт

а а а

Само две средби се одиграа во НБА лигата, а на нив победи обзбедија Индијана Пејсерс и Сан Антонио Спарс.

Индијана славеше во Колорадо кај Денвер Нагетс со 115-107. Клучна за триумот беше завршната четвртина која составот од Индијанаполис беше супер расположен и ја доби со 41-26. Сабонис со трипл-дабл од 22 поени, 15 поени и 10 асистенци беше најзабележителен поединец кај победникот, но исто добри беа Брогдон и Ворен кои искомбинираа 44 кошеви како и реервистот Мекдермот со 24 поени.

Залудни за Денвер беа 30 поени и 10 скокови на српскиот репрезентативец Јокиќ.

Сан Антонио во дуелот со Мајами дојде до 18 сезонско славје (107-102). Двата состави добија по две четвртини, но домаќините беа за нијанса подобри во своите доминатни периоди.

Олдриџ со 21 и Дерозан со 20 беа најефикасни кај екипата од Тексас. На спротивната страна листата на стрелци ја предводеше центарот Адебајо со 21 поен на кои додаде 16 скокови и 6 асистенции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг