Арсен Венгер откри кога почна „тонењето“ на Арсенал

Дерби

20/01/2020

14:48

2.119

Големина на фонт

а а а

Легендарниот поранешен трнер на Арсенал, Арсен Венгер проговори за актуелната ситуација во клубот која е далеку од розова.

Венгер го предводеше тимот и на „Хајбери“ и на „Емирејтс“ и призна дека откако се преселиле од легендарниот стадион како да се изгубила душата на тимот.

– Имавме стадион сличен на „Енфилд“ и тој имаше душа. Потоа изградивме нов и никогаш не успеавме да го најдеме тоа што го имавме на „Хајбери“. Веројатно беше од безбедносни причини, но атмосферата не беше иста, - истакна Венгер.

Французинот на легендарниот „Хајбер“ го постави засега неповторениот успех во Премиер лигата, го освои шампионатото без ниту еден пораз во сезоната. Сега Ливерпул е на добар пат да го стори тоа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг