Браќа од Аеродром тероризираат цела зграда: Насилно влегуваат во станови и сексуално вознемируваат жени, институциите не преземаат ништо

Точка

20/01/2020

22:10

18.595

Големина на фонт

а а а

Станарите од зградата на улицата “Коста Новаковиќ” во населбата Аеродром, со години се жртви на непресметливо однесување на двајца 29-годишни близнаци кои живеат во еден од становите.

Од палење, поплави, насилно влегување во туѓи станови и демолирање на влезот до агресија и сексуални закани кон жените кои живеат во зградата се само дел од секојдневните сцени кои ги приредуваат близнаците. 

Ваквиот хорор трае долго време, но ситуацијата особено ескалирала во последните 2 години кога сестрата на овие браќа се отселила од станот бидејќи, според кажувањата на станарите, таа до некаде ги држела нештата под контрола.

Нивниот стан е целосно руиниран – браќата живеат без електрична енергија и греење, спијат на под, а во валканите простории има дури и фекалии кои претставуваат опасност за ширење од зарази.


Поради ваквиот проблем се отселиле многу станари, а една од сосетките на браќата која живеела во станот над нивниот тврди дека нејзиниот стан бил 40 пати обиен и 3 пати ја менувала скршената влезна врата. Жената се обратила до сите можни институции, а кривичните пријави против браќата и натаму чекаат да бидат процесирани бидејќи тие не се појавуваат на судските рочишта. Полицијата интервенирала повеќе пати, но оттаму велат дека проблемот не е во нивна надлежност.

“Се обративме и до Центарот за социјални работи, до санитарен инспекторат, до Град Скопје, до општината и до Владата. Навистина не знаеме што да правиме”, велат станарите за “A1он”.

Станарите не само што се плашат за себе туку се плашат и за животот на браќата, бидејќи со однесувањето кое го манифестираат, тие се опасни и за самите себеси.

Повеќе од прилогот во продолжение:



Спонзорирани линкови

Маркетинг