Германскиот шеф на дипломатијата ја критикува американската политика за Иран

Макфакс

20/01/2020

13:07

411

Големина на фонт

а а а

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, рече дека наместо да ја следи кампањата за максимален притисок на САД против Иран, ЕУ ќе се држи до дипломатијата со цел да се избегне понатамошна ескалација на тензиите во регионот, пренесува „Билд ам зонтаг“.

САД и Европа имаат различен пристап кон Иран и кон Заедничкиот сеопфатен план за акција (ЈЦПОА) од 2015 година за неговата нуклеарна програма, изјави Мас во интервју за весникот.

„Додека САД еднострано го напуштија нуклеарниот договор и наметнаа максимален притисок врз Техеран, ние сакаме да постигнеме напредок преку преговори. Франција, Велика Британија и Германија сакаат да го задржат договорот за да го спречат Иран да добие нуклеарно оружје“, изјави Маас.

Министерот додаде дека заканите и воената акција не направиле ништо за да го променат однесувањето на Иран.

„Не треба да се преправаме дека промена на режимот во Техеран предизвикана однадвор автоматски ќе ја подобри ситуацијата. Тоа помина лошо на друите места, како во Ирак. Ние сакаме да спречиме пожар на Блискиот Исток. ЕУ се потпира на дипломатијата, а не на ескалацијата“, истакна Мас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг