Од таборот на Атлетико Мадрид не планираат да испратат нова понуда за услугите на Единсон Кавани од редовите на ПСЖ.
„Душекчиите“ испратија една понуда која веднаш беше одбиена од францускиот клуб, а тоа беше потврдено и од спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо.
Сега, Атлетико ќе се насочи кон ангажман на францускиот напаѓач од редовите на Арсенал, Александре Лаказет. „Скај Спортс“ неодамна објави дека Лаказет е опција за Диего Симеоне, а сега „Телеграф“ пренесува дека веќе почнале првичните контакти со играчот.