Се огласи Раул Браво: „Ова е лудило, Дарко Ковачевиќ ми е пријател“

Точка

20/01/2020

12:20

2.821

Големина на фонт

а а а

Некогашниот ас на Реал Мадрид е во шок. Тој е исто така и некогашен соиграч на Дарко Ковачевиќ во Олимпијакос кој не може да верува во тоа што го пишуваат медиумите дека наводно тој го нарачал убиството на славниот српски фудбалер.

Поранешниот лев бек изјавил дека е во добри односи со Ковачевиќ:

„Тие работи не влијаат на мене, но моето семејство чита сè што пишуваат и поради тоа сето тоа ме боли. Дарко ме повика, разговаравме и ме праша како сум поради ова лудило што се случува и како е моето семејство. Бевме цимери и имавме многу добар однос. Запрепастен сум затоа што таблоидите пишуваат дека јас сум го нарачал убиството на Ковачевиќ. Тоа што не се продаваше, одеднаш почнува да се продава затоа што објавено е дека сум сакал да го убијам Дарко. Повторувам, ние имаме многу добар однос. Ова е лудило што се случува. Моето семејство е исплашено, но знаев дека Дарко ќе се насмее на сето ова. Му требаа два дена за да ми се јави и тоа е сè што можам да му замерам“ - изјавил Браво за „Радио Марка“.


Шпанецот потоа го прокоменирал нападот на Ковачевиќ во Атина.

„Не е во проблеми ниту самиот не знае што се случува. Заработи многу пари играјќи фудбал, му кажав да биде мирен. Мислам дека тоа беше обид за кражба. Не можам да помислам дека некој би посакал да го убие. Луѓето ме прашуваат зошто не ги тужам медиумите поради нивните обвиненија кон мене, но тоа не би донело ништо добро. Не треба јас да го чистам моето име, луѓето кои ме знаат, знаат каков сум и што сум. Мојата совест е мирна, се забавувам играјќи фудбал и живеам здрав живот“ - заклучил Браво.




Спонзорирани линкови

Маркетинг