Девојката со ретка состојба која резултира со тешка сувост на кожата стана заштитно лице на брендот на костими за капење “Target”.
21-годишната Џејза Гари е родена со редок синдром наречен “lamellar ichthyosis” кој предизвикува сувост на кожата и целосно менување на слојот на секои две недели. Под сувиот слој се наоѓа уште погруба кожа која за две недели повторно се лупи.
Меѓутоа, оваа млада дама не дозволила ваквата состојба да застане на патот на нејзините соништа, а еден веќе го остварила со тоа што станала заштитно лице на модната куќа “Target”.
Гари за “Refinery 29” проговорила за тоа како воопшто дошла до идејата да биде модел.
“Во четврта година средно, една другарка ми напиша посвета во алманахот дека треба да станам модел”.
Овој поттик било сè што е потребно за таа да се пријави во неколку модни агенции пред да запише колеџ.
“Не сакав да се споредувам со било кој и тоа веднаш им го кажав на луѓето од агенциите. Мислам дека ја ценеа мојата позитивност бидејќи не станува збор само за мене. Со својот пример сакам да ги поттикнам и останатите да ги остварат своите соништа”.
Џејза стана заштитно лице на модниот бренд кој е познат по своите костими за капење, а нејзините фотографии веднаш го обиколија светот.