Таткото на Меган Маркл: „Таа го отфрли сонот на сечија девојка, не ја воспитував така“

Точка

20/01/2020

09:05

3.575

Големина на фонт

а а а

Томас Маркл ја обвинил својата ќерка Меган Маркл дека го “обезвредила“ кралското семејство, во дел од интервјуто кое било објавено еден ден откако Бакингемската палата соопштила дека принцот Хари и неговата сопруга повеќе нема да бидат членови на таа монархија.

Тој за „Channel 5“ изјавил дека верува дека Меган го “отфрлила сонот на секоја девојка“.

„Тоа е разочарувачки затоа што всушност таа го оствари сонот на сечија девојка. Секоја млада девојка сака да стане принцеза и таа тоа го доби, но сега истото го отфрла. Очигледно дека тоа го отфрла поради пари“ - изјавил Томас Маркл.


Интервјуто со таткото на Меган Маркл било снимено непосредно по изјавата на парот дека ќе отстапат како членови на кралското семејство.

„Channel 5“ во неделата го објавиле интервјуто и изјавиле дека целиот документарен филм ќе биде емитуван во наредните седмици.

Томас Маркл кралското семејство го опишал како “една од најголемите долговечни институции некогаш“, велејќи дека кога Меган се венчала за принцот Хари, во мај 2018-та година ја презела обврската “да биде дел од кралското семејство и да ги претставува кралските членови“. 


„Тие го уништуваат тоа. Тоа е смешно и не треба да го прават“ - додал таткото на Меган.

Исто така тој кажал дека очекува Меган да стапи во контакт со него.

„Не знам што бараат. Мислам дека ни тие не знаат што бараат“ - заклучил таткото на Меган со кој таа не разговара подолг период. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг