Во Кина сè повеќе заразени, а новиот коронавирус се шири и во другите градови - досега забележани се 3 смртни случаи

Точка

20/01/2020

08:46

3.144

Големина на фонт

а а а

Кина денес соопшти дека дошло до нагло зголемување на бројот на заразен илуѓе од новиот коронавирус, вклучувајќи ги и првите заболени во главниот град Пекинг.

Овие податоци се поклопуваат со периодот кој е окарактеризиран како “најпрометен“ во таа земја, односно како период на најмногу патувања бидејќи околу милион Кинези со возови и авиони патуваат за да ги прослават лунарните новогодишни празници.

Здравствените власти во централниот град Вухан, откаде најверојатно потекнува вирусот кој се манифестира со воспаление на белите дробови соопштиле дека се потврдени дополнителните 136 случаи во градот на заболени пациенти, пренесуваат од AP.

Во текот на викендот едно лице починало со што бројот на жртви се искачил на три.

Забележани биле и два случаи на заразени од новиот каронавирус како и еден во јужниот град Шензен.

По појавувањето на епидемијата и другите држави се загрозени затоа што милион Кинези патуваат постојано.

Властите на Тајланд веќе идентификувале најмалку три случаеви на заразени, а сите биле поврзани со неодамнешни патувања во Кина.

Здравствената комисија тврди дека вирусот се пренесува лесно помеѓу луѓето и исто така не ја исклучиле можноста за ограничен пренос на истиот од човек на човек.

Вирусот кој ја предизвикува оваа пневмонија се разликува од претходно идентификуваните, изјавиле кинеските научници и додале дека почетните симптоми вклучуваат висока температура, кашлање, притисок во градите и отежнато дишење.

За превенција советуваат да се носат маски и често да се мијат рацете. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг