Снегот ги затрупа! Канаѓаните се навикнати на остри зими, но не вакви: Мора да копаат тунели за да излезат од дома

Точка

20/01/2020

08:35

3.645

Големина на фонт

а а а

Рекордна количина снег го блокирала канадскиот регион Њуфаундленд. Локалните власни во петокот прогласиле вонредна состојба, а силното невреме закопало дел од автомобилите и нанело сериозни штети на патиштата.

Локалниот меѓународен аеродром Сент Џон е затворен поради вонредните временски услови, а министерот за природни ресурси Чејмус О'Реган вели дека приоритет им е чистење на патиштата.  

Од CP24 пренесуваат дека за чистење на градот ангажирана е војската.

Корисниците на социјалните мрежи ситуацијата ја опишале како „snowmageddon“, а снимките покажуваат дека луѓето мораат условно да копаат тунели за да можат да излезат од дома. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг