Неверојатно! Германците го направија првиот автомобил со помош на 3Д печатач - погледнете

Точка

19/01/2020

15:43

5.548

Големина на фонт

а а а

Првиот германски автомобил направен со 3Д печатач се вика „Локи“ (LOCI) и има едно седиште и отворена каросерија.

Верувале или не, овој автомобил сè уште нема мотор и во овој момент е повеќе скулптура отколку функционално возило, но се очекува за скоро време да биде оспособен за возење.

Ефикасен, дигитален, автономен - тоа е автомобилот на иднината, како што навела британската стартап фирма „BigRep“, а „Локи“ е првиот автомобил кој целосно е направен со 3Д печатач.

Во текот на годинава „Локи“ ќе добие и свој мотор па понатамошните негови тестирања ќе бидат возможни.

Истражувачите се согласни во оцената за овој автомобил кој е произведен со 3Д печатач и велат дека таквите автомобили мора да станат дел од секојдневното производство.


Само така индустријата во иднина ќе може да биде конкурентна, да ги исполнува желбите на купувачите, да ги исполни нормите за емисијата на штетните гасови и да ги штеди драгоцените ресурси. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг