Милан го слави Ребиќ, Тео Ернандез се специјализиреше за супер голови: „Росонерите“ до тешка победа против Удинезе

Дерби

19/01/2020

15:02

1.365

Големина на фонт

а а а

Екипата на Милан славеше драматична победа од 3:2 на домашен терен против тимот на Удинезе.

„Росонерите“ беа пред нов лош резултат, овој пат против тимот на Удинезе, но спас им донесе хрватскиот интернационалец, Анте Ребиќ кој го одигра својот најдобар натпревар во дресот на Милан.

Удинезе прв дојде до водство со голот на Ларсен кој во 6. минута ја искористи грешката на Џиџи Донарума. Со 1:0 се замина на полувреме, а веќе на стартот на вториот дел Пиоли направи измена која се покажа како клучна на крајот од средбата. 

Анте Ребиќ го замени Џакомо Бонавентура и веќе во 48. минута го израмни резултатот. Ова беше прв гол за Ребиќ во дресот на Милан по неговио трансфер од Ајнтрахт минатото лето. 

Во 72. минута Тео Ернандез постигна нов спектакуларен погодок за голема радост на „Сан Сиро“. 

Кевин Лазања за момент го замолкна стадионот во Милано кога во 85. минута изедначи на 2:2, но потоа на сцена стапи Ребиќ кој со својот втор погодок на средбата донесе голема победа за Милан. 

Во таборот на Удинезе последните 15 минути ги одигра и македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг