Тежок удар за Солскјер и Манчестер Јунајтед: Рашфорд го пропушта дербито со Ливерпул, но ќе отсуствува …

Дерби

19/01/2020

15:01

1.179

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед денеска ќе гостува на „Енфилд“ со надеж дека ќе го запре неверојатниот налет на избраниците на Јирген Клоп.

Ливерпул е фуриозен оваа сезона во Премиер лигата и има само едно реми во досегашниот дел од првенството и тоа реми е токму против Манчестер Јунајтед.

„Ѓаволите“ на возвратниот натпревар се надеваат дека повторно ќе му откинат бодови на лидерот, меѓутоа тоа ќе го бркаат без својот најдобар фудбалер, Маркус Рашфорд. Англичанецот не беше со останатите фудбалери во „Луари хотелот“ пред тргнувањето за Ливерпул. 

Рашфорд доживеа повреда на грбот на средбата против Вулверхемптон и нема да биде во комбинација за настап за овој натпревар. Сепак, она што треба повеќе да го загрижи Солскјер е тоа што младиот напаѓач би можел да ги пропушти натпреварите со Барнли и Манчестер Сити.



Спонзорирани линкови

Маркетинг