Фреди Меркјури и по неговата смрт на своите најблиски им “испраќа“ подароци за Божиќ, а тоа што го напишал во тестаментот ќе ви го скрши срцето

Точка

19/01/2020

14:56

6.722

Големина на фонт

а а а

Фреди Меркјури, легендарниот пејач на групата Queen, во неговиот тестамент напишал дека некој ланец на продавници секоја година околу божиќните празници треба да им испраќа подароци на неговите најблиски пријатели и нивните деца.

Животот на легендарниот пејач влијаеше на многумина, а неговиот близок пријател Елтон Џон во својата книга „Love is the Cure: On Life, Loss, and the End of AIDS“ ги споделил деталите за последните денови на Фреди:

„Неколку седмици по неговиот погреб тагував. На Божиќ дознав дека Фреди го оставил и последниот доказ за неговата несебичност. Тагував кога еден пријател се појави на вратата и ми донесе нешто спакувано во хартија. Внатре имаше слика од еден од моите уметници, британскиот сликар Хенри Скот Тук. И внатре имаше порака од Фреди. Неколку години пред неговата смрт тој и јас смисливме прекар за двајцата, нашата “драг кралица на алтер егото“. Јас бев Шерон, а тој беше Мелина. Во пораката пишуваше: „Драга Шерон, мислев дека ова можеби ќе ти се допадне. Со љубов, Мелина. Среќен Божиќ““.


Елнот изјавил дека тогаш го преплавиле емоциите.

„Тогаш имав 44 години и плачев како мало дете. Тој прекрасен човек во своите последни денови од животот некако за мене успеал да најде божиќен подарок. Колку и да беше тажен тој момент, кога размислувам за Фреди често се сеќавам на него затоа што токму тоа го покажува неговиот карактер. Ме потсети зошто тој беше толку посебен во мојот живот“ - изјавил Елтон. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг